ЗА ХАМАС ХЕРОЈСТВО, ЗА ИЗРАЕЛ СРАМ Бегството на затворениците инспирира нови воздушни напади

Вчерашното бегство на Палестинците е најголемо од 1987 година, кога припадниците на Исламскиот џихад избегаа од затворот во Газа во 1987 година, пред почетокот на првото палестинско востание, интифадата, против израелската окупација.

247

Израелската армија рано изутринава изврши воздушни напади врз, како што рече, воени цели на Хамас во Појасот Газа, откако претходно беа пуштени запаливи балони во јужниот дел на Израел.

Нападите се извршени во момент кога израелските сили трагаат по шестмина палестински затвореници кои вчера избегаа од затвор во Израел.






Вчерашното бегство на Палестинците е најголемо од 1987 година, кога припадниците на Исламскиот џихад избегаа од затворот во Газа во 1987 година, пред почетокот на првото палестинско востание, интифадата, против израелската окупација.

Во военото соопштение се наведува дека цел на воздушните напади била фабрика за производство на ракети и воен комплекс во Кан Јунис, јужно од Појасот Газа.

Во комплексот се наоѓа фабрика за цемент за изградба на подземни тунели кои се користат за терористички напади, а „намерно е лоциран во цивилна област во близина на џамија и местото каде што се уредите за прочистување на водата“.

Нападите се одговор на запаливите балони кои Хамас ги пуштил на израелска територија во знак на поддршка за шестмината бегалци, соопшти војската.

Хамас и други палестински екстремистички организации го сметаат бегство како херојска победа. За Израел, бегството од затвор претставува срамна повреда на безбедноста.

Израелските сили синоќа и денеска извршија претрес во околината на Џенин, северно од Западниот Брег, трагајќи по шесте палестински затвореници кои вчера наутро избегаа од затвор и се сметаат за многу опасни.

Бегството од добро чуваниот затвор Гилбоа се смета за едно од најголемите во историјата на Израел, а по бегалците е организирана голема потера.

Палестински извори наведуваат дека утрово таткото и братот на бегалецот Ехам Камамџи биле однесени на сослушување и оти од нив било побарано да го предадат, пренесуваат израелските медиуми.

Камамџи, член на Исламски џихад, служел доживотна казна затвор за убиство на израелски тинејџер во 2006 година.

Според извештаите, израелските сили го пребаруваат местото Бир ал-Баша, од каде потекнува Јакуб Кадир, исто така член на Исламски џихад, кој беше во затвор за планирање терористички напади врз Израелци.

Дополнителни сили се распоредени долж границата со Јордан и линијата што го дели Израел од Западниот Брег, јави весникот „Вала“, наведувајќи дека бегалците сè уште се на израелска територија.

Поврзани содржини