За едно деноноќие во Тиквешијата регистрирани нови 52 позитивни на ковид-19
Ковид статистиката за изминативе 24 часа заклучно со денес до 13.45 часот покажува значително зголемување на бројот на позитивни во Тиквешијата. Дијагностицирани се дури 52 нови случаи, јавува КТВ.
Во Кавадарци има 25 нови случаи, во Неготино 23, по двајца нови ковид позитивни има во Росоман и Демир Капија, информираа од Центарот за јавно здравје.
– Новите позитивни се на возраст од 17 до 72 години. Има еден хоспитализиран пациент од Кавадарци и тројца од Неготино – вели епидемиологот д-р Ристе Јовановски.
Се работи на утврдување на контактите на новите позитивни.
Заклучно со вчера во Кавадарци активни се 339 ковид случаи, а од почетокот на пандемијата се дијагностицирани 752 позитивни. Во Неготино активни се 166 случаи, а дијагностицирани вкупно 261.