За еден час санкционирани над 60 гевгеличани

До сега за повеќе од еден месец откако започнаа засилените сообраќајни контроли изречени се над 20.000 санкции - рече Ангеловски.

321

Министерството за внатрешни работи повеќе од еден месец покрај на територијата на главниот град Скопје, спроведува засилени акциски контроли за санкционирање на непочитувањето на сообраќајните правила и прописи и во другите градови, меѓу кои и Гевгелија – соопшти портпаролот на МВР Тони Ангеловски на денешната прес конференција во Гевгелија.

– Се санкционираат сите сообраќајни прекршоци, а особено оние кои што се најчеста причина за сообраќајни незгоди со тешки последици. До сега за повеќе од еден месец откако започнаа засилените сообраќајни контроли изречени се над 20.000 санкции – рече Ангеловски.






Портпаролот на МВР апелираше до граѓаните на Гевгелија да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

– Само за еден час во денешната акциска контрола во Гевгелија се изречени над 60 санкции, пред се за нерегистрирани возила, возење без возачка дозвола и др. – соопшти Ангеловски, кој потенцира дека акциските контроли продолжуваат и во наредните денови, а целосните податоци од денешната засилена акциска контрола во Гевгелија ќе бидат презентирани утре.

Поврзани содржини