ЗА ДВА МЕСЕЦА СЕ ИСПЛАТЕНИ ОКОЛУ 20 МИЛИОНИ ЕВРА СУБВЕНЦИИ НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ Трипуновски најавува поддршка според потребите на земјоделците
Министерот за земјоделство вели дека само преку директна комуникација можеме да креираме политики што навистина ќе им помогнат.
Од донесувањето на Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2026 година, заклучно со последните исплати, кон земјоделците се исплатени околу 20 милиони евра, изјави министерот за земјоделство Цветан Трипуновски
Цветановски вели дека во изминатиот период Министерството одржало серија состаноци со најголемиот број земјоделски здруженија, со цел креирање на мерките во Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2026 година.
– Целта беше мерките да се креираат заеднички и да одговорат на потребите на производителите – рече Трипуновски во емисијата „Топ тема” на ТВ Телма.
Тој додаде дека во рамките на Министерството функционираат потсекторски групи за секое производство во кои членуваат претставници од земјоделските здруженија, наукатата, бизнис секторот и администрацијата.
– Во тие потсекторски групи детално се разговараше за содржината на Програмата и за мерките што треба да ја подобрат конкурентноста и развојот на земјоделското производство – рече Трипуновски.
Тој потенцираше дека Министерството останува отворено за соработка со сите земјоделци и здруженија.
– Вратата на Министерството е отворена за секој кој сака да се консултира за одредени теми. Јас секогаш сум на терен, помеѓу земјоделците, затоа што само преку директна комуникација можеме да креираме политики што навистина ќе им помогнат – рече Трипуновски.