ЗА ДВА МЕСЕЦА ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА СЕ НАМАЛИ ЗА 722 ДЕНАРИ Највисока просечна плата е исплатена на програмерите, а најниска во заштитните установи

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари 2024 година, изнесува 39.276 денари.

216

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во февруари 2024 година, во однос на февруари 2023 година, номинално пораснала за 16,5%, а реално за 13,1%, и изнесува 39. 276 денари, покажуваат податоците државниот завод за статистика.

Споредбата на платата во февруари со онаа во јануари кога таа изнесуваше 39.542 денари  покажува дека просечната нето-плата се намалила о,75% или  за 266 денари . Во однос, пак, на ланската  декемвриска просечна плата (39.998 денари) намалувањето е за 7,3% односно за 722 денари.






Според статистика,годишното зголемување на проселната плата во февруари се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: „јавна управа и одбрана“, „ задолжително социјално осигурување“ од 24,9 %, „административни и помошни услужни дејности“ (22,5 %) и „уметност, забава и рекреација“ (20,4 %).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: „транспорт и складирање“ од (10,1 %, „рударство и вадење на камен“ (7,2 %) и „земјоделство, шумарство и рибарство“ од 6,3 %.

Највисока просечна плата во февруари е исплатена во секторот компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности каде што се просекот изнесува 93.852 денари, додека најниска плата била исплатена во заштитните и истражните дејности од  22.702 денари.

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во февруари 2024 година, изнесува  58.967 денари.

Поврзани содржини