ЗА БУГАРИТЕ ДА СЕ ГРИЖИ ВЛАДИНА ИНСТИТУЦИЈА? Нема крај на изненадувањата од Софија

Јас очекувам во следниот период С Македонија да направи некаков вид институција при тамошната Влада токму за правата на Бугарите, изјави Петков.

538

Државата има институции и механизми за заштита на правата на сите граѓани, вклучувајќи ги и оние коишто се самоопределуваат како Бугари, рече премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање во врска со изјавата на премиерот на Бугарија, Кирил Петков, дека нашата влада требало да формира некаков вид институција за заштита на правата на Бугарите.

– Ние сме единствената држава во Европа којашто има министерство за помалите етнички заедници. Единствени во Европа имаме законски решенија со коишто се унапредуваат правата на помалите заедници во секоја смисла. Од користење јазици, преку еднаков пристап до вработувања во јавниот сектор. Ние исто така имаме Канцеларија на омбудсманот која се грижи за правата на сите граѓани, вклучително и на бугарското малцинство, односно граѓаните што се самоопределуваат како граѓани во државата, така што нормално дека доколку некој е загрозен дека може низ тие институции тоа да го направи, а секако капацитетот на институциите може во секое време да биде зголемен и добро е да се зголемува капацитетот на институциите бидејќи сите граѓани во оваа држава, ние и во владината програма сме ставиле и нашиот Устав тоа го предвидува дека за сите граѓани оваа држава е место каде што сите имаат еднакви шанси како за личниот, така и за професионалниот развој – рече Ковачевски.






Петков нагласи дека неговата Влада „нема да прави ништо“ без одлука на бугарскиот Парламент и ништо нема да биде сокриено од јавноста.

– Вистината е следна. Јас мислам дека сите Бугари знаат дека С Македонија треба да е во Европската Унија. Сите Бугари знаат дека правата на Бугарите во С Македонија треба да бидат заштитени. Од тука натаму да ја тргнеме настрана таа политичка реторика, туку да се работи. Јас очекувам во следниот период С Македонија да направи некаков вид институција при тамошната Влада токму за правата на Бугарите – изјави Петков.

Поврзани содржини