ЗА БИЗНИС ОД 600 МИЛИОНИ ЕВРА, СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ ЌЕ ГО БЕТОНИЗИРА КАРПОШ Реакција од ВМРО-ДПМНЕ за изградбата на висококатници кај „Алумина“

ВМРО-ДПМНЕ го блокираше носењето на ДУП-от, затоа што СДС, ДУИ и Стевчо Јакимовски за личен профит се спремни да го бетонизираат Карпош со згради и до 35 ката, без за тоа да има соодветна инфраструктура која ќе овозможи нормален проток на луѓе и возила - посочуваат од партијата.

395

ВМРО-ДПМНЕ упати реакција за изградбата на висококатници кај поранешна „Алумина“ во скопската населба Тафталиџе прозивајќи го градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски и владеачките партии.

„СДС и ДУИ се директно засегнати од ДУП-от за Алумина. „Пуцко Петрол”, компанија на синот на Исмаил Јахоски, пратеник од ДУИ е фирмата чија сопственост е земјиштето каде ќе се градат над 350.000м2 станбен и деловен простор.






За „Пуцко Петрол” да направи бизнис од над 600 милиони евра, Стевчо Јакимовски ја напаѓа ВМРО-ДПМНЕ, затоа што само ВМРО-ДПМНЕ е пречка за бизнис интересите на власта.

ВМРО-ДПМНЕ го блокираше носењето на ДУП-от, затоа што СДС, ДУИ и Стевчо Јакимовски за личен профит се спремни да го бетонизираат Карпош со згради и до 35 ката, без за тоа да има соодветна инфраструктура која ќе овозможи нормален проток на луѓе и возила.

На СДС, ДУИ и Стевчо Јакимовски не им е гајле дали Карпош ќе се блокира и ќе се направи тесно грло, важни им се само профитите“ – стои во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини