ЗАЈАКНАТА КОНТРОЛА ВО ЧАИР Казни за 12 објекти кои работеле во недела

Од вкупно извршените контроли изречени се 12 мерки, односно издадени се осум решенија за забрана за вршење дејност во рок од 15 дена, три решенија за наредба за засновање работен однос за лица затекнати во објектите без регулиран работен однос и едно решение за опомена за регистрирање на нерегистрирана дејност.

229

Припадници на Единицата за интервентна полиција во координација со инспектори од Државниот инспекторат за труд, денеска во периодот 10:00 до 17:00 часот, на подрачјето на Општина Чаир извршиле контроли во објекти на ул. „Цветан Димов“ и „Џон Кенеди“ со цел да се утврди дали работодавачите ги почитуваат законските одредби кои се однесуваат на забраната за работа во недела во оние дејности кои не спаѓаат во исклучоците утврдени со Законот за работни односи.

Како што информира МВР, од вкупно извршените контроли изречени се 12 мерки, односно издадени се осум решенија за забрана за вршење дејност во рок од 15 дена, три решенија за наредба за засновање работен однос за лица затекнати во објектите без регулиран работен однос и едно решение за опомена за регистрирање на нерегистрирана дејност.

Поврзани содржини