ЗА АХМЕТИ ТЕТОВО Е ГРАД НА СИТЕ АЛБАНЦИ Не може било кој да го управува
Според лидерот на ДУИ смета дека Теута Арифи има стекнато искуство за да има уште подобар и пореализиран мандат.
Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети пред жителите на Тетово истакна дека изборната платформа на неговата партија се базира на зелената агенда која гарантира подобар квалитет на живот за сите граѓани на Тетово.
– Вие сте првиот фронт кон кој се свртени не само очите на Тетово, туку и на другите Албански градови во Република Северна Македонија. Кој ќе го води. Тетово не е само на Тетовчани, туку и на сите Албанци, тоа е град на универзитети. Тетово е втор дом за многу студенти. Кој стигне не може да менаџира со градот на Албанците, со градот на иднината. Не знам зошто за момент се сетив на амбасадорот Пердју, во еден разговор го прашуваат: Која е неговата оценка за ДУИ, за луѓето што ја водат партијата? Тој вели: ДУИ наликува на орел, лета со концентрација и никогаш не ја губи целта, од пленот што треба да го фати – рече Ахмети.
Тој рече дека 20 години ДУИ навистина не ги загубила целите.
– Со смелост сме чекореле затоа што не сме пресметувале дали ќе го освоиме следниот мандат или не, но направивме проекти и планови: Дали Албанците ќе победат во мандатот со кој ќе управуваме, дали Албанците ќе продолжат да чекорат напред и во оваа насока се усвоени смели одлуки, но тие смели одлуки и тие летови на височини ги носат само храбрите и ние навистина го направивме тоа. Храбро влеговме на овие локални избори кои за ДУИ се 24 години победа и јас сум многу сигурен дека тоа ќе се случи и на 17 октомври, како во Тетово, така и со Теута Арифи на трет мандат, бидејќи јас сум многу сигурен со тимовите, почнувајќи од носителот на листата па натака, тие се навистина посветени. Теута има стекнато искуство за да има уште подобар и пореализиран мандат што го очекува од 17 октомври па натака – рече Ахмети.
Демократската Унија за Интеграција на овие локални избори учествува со 19 кандидати за градоначалници и 35 листи за советници.