За 88 отсто од Бугарите квалитетот на јајцата зависи од одгледувањето на кокошките
Речиси 49 проценти од луѓето изјавиле дека купуваат домашни јајца и не сакаат да купуваат од трговците.
Бугарите настојуваат да купуваат јајца од домашни кокошки, бидејќи веруваат дека одгледувањето кокошки во кафези треба да се преиспита. Тие се повеќе го прифаќаат традиционалниот, природен начин на живот, се наведува во истражувањето на „Галуп Интернешнл“.
Според истражувањето, 88 отсто од Бугарите сметаат дека условите во кои се одгледуваат кокошките се важни за квалитетот на јајцата.
Речиси 49 проценти од луѓето изјавиле дека купуваат домашни јајца и не сакаат да купуваат од трговците. Тоа претежно се однесува на луѓето кои живеат во селата и помалите населени места, како и кај повозрасните генерации.
Жителите на главниот град, како и тие со повисоко образование, исто така велат дека се почесто во продавниците бараат јајца од кокошки кои се одгледувани слободно.
Од испитаниците, 78 отсто се изјасниле дека повеќе сакаат да купуваат јајц