ЗА 5 ГОДИНИ МАКЕДОНЦИТЕ КУПИЛЕ СТАНОВИ ВО ГРЦИЈА ЗА НАД 50 МИЛИОНИ ЕВРА Од регионот најмногу купуваат Бугарите
Македонските граѓани и компании инвестирале 19 милиони евра во недвижности минатата година, покажува статистиката на Банката на Грција. Интересот континуирано расте - износот во 2020 година бил само 2 милиони евра, за следните три години да порасне на 7, 10 и 11 милиони евра.
Грција секоја година станува сè попривлечна за инвестирање во недвижности, а според износот Македонија е на 25-то место меѓу државите во светот чии жители купиле или изградиле некаков имот кај нашиот јужен сосед во 2024 година.
Македонските граѓани и компании инвестирале 19 милиони евра во недвижности минатата година, покажува статистиката на Банката на Грција. Интересот континуирано расте – износот во 2020 година бил само 2 милиони евра, за следните три години да порасне на 7, 10 и 11 милиони евра.

Неофицијално, износот на инвестиции „со македонско потекло“ е поголем ако се земе предвид дека македонски граѓани или правни лица инвестираат и со ЕУ-пасоши, најмногу со бугарскиот, преку офшор фирми регистрирани на познатите дестинации што важат за даночен рај итн.
Македонците најмногу бараат апартмани од педесетина квадрати.
Од регионот најмногу купуваат Бугарите, а од Европа – Кипраните и Турците, пишува Блумберг адриа.