ЗА 4 МЕСЕЦИ ЌЕ ПРОДОЛЖИ ИЗГРАДБАТА НА ОБЈЕКТИТЕ НА ФИНКИ И НА ФИЗИЧКА КУЛТУРА Ќе се градат и универзитетот „Мајка Тереза“ и новиот дом на Народна банка

Премиерот потсети дека на зградите на ФИНКИ и ФФК веќе се гледа дека се многу руинирани, но како што рече, тука ќе се интервенира и ќе продолжи нивната изградба како и изградбата на зградата на Народна банка.

2,736

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека за 4 месеци ќе продолжи изградбата на зградите на ФИНКИ и на Фaкултетот за физичка култура (ФФК) во рaмки на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, како и изградбата на објектите на универзитетот „Мајка Тереза“ и новата зграда на Народна банка.

– Ќе го довршиме универзитетот „Мајка Тереза“ и кампусот на овој универзитет, но ќе ги изградиме и објектите на ФИНКИ и на Факултетот на физичка култура кои се сега споменици. Нема да навлегуваме во правци и во уметнички стилови. Тие објекти ќе бидат модерни градби кои ќе имаат своја функционалност и ќе бидат енергетски ефикасни. За четири месеци ќе имаме и таму почеток на градби – рече Мицкоски.






Тој потсети дека на зградите на ФИНКИ и на ФФК се многу руинирани.

Поврзани содржини