ЗА 3 ГОДИНИ НЕ МОЖАТ ДА ОБНОВАТ 5 КМ Стоилковски нагласува дека е реконструкција, а не изградба на нов автопат

Трета година ништо не е сработено, а станува збор за 5 километри во должина, вкупно 10 километри во двата правца, рече Стоилковски.

220

Реконструкцијата на автопатот во делницата Петровец-Катланово е почната пред 3 години, требаше да биде готова лани во јули, а со вакво темпо од 12% реализација годишно, на СДСМ ќе му требаат уште 5 години да ја завршиобновата на 5 километри автопат во двата правца, обвини денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

– Ова треба да е автопат, Државен пат А1, делница Петровец-Катланово, за којшто се плаќаат високи патарини. Поради неспособноста на ДУИ и помалиот партнер СДСМ, веќе трета година, ништо не е направено! Трета година работат со брзина од 12% годишна реализација! Тоа е реализацијата на Благој Бочварски, министерот за транспорт и врски од СДСМ. Трета година ништо не е сработено! 5 километри во должина, вкупно 10 километри во двата правца. Трета година, на автопат има времен двонасочен режим на сообраќај. Освен за фотографии на Бочварски и директорите за државни патишта, Зоран Китанов, а сега Ејуп Рустеми, друго ништо не е направено – рече Стоилковски.






Вредноста на проектот е 7,2 милиони евра, пари обезбедени од ЕБОР.

Поврзани содржини