За 146.000 долари беше продадено шише со најстариот коњак во светот

Од него остануваат уште само три шишиња, според аукциската куќа „Sotheby's“.

598

Шише коњак од реколтата 1762 година беше продадено за 146.000 долари на интернет-аукција во четвртокот.

„Исклучително редок“ коњак „Gautier“ е еден од најстарите преживеани во светот.






Од него остануваат уште само три шишиња, според аукциската куќа „Sotheby’s“.

Примерокот кој беше на аукција е најголем од трите и е пренесен во едно семејство со генерации, јавува „CNN“.

Помало шише со истиот коњак беше продадено на аукција во Њујорк во 2014 година, а третото е во „Gautier Museum“, во Коњак, југозападна Франција.

Шишињата со коњак имаат извонредна историја. Се верува дека тие првично припаѓале на сирак кој работел во регионот на Коњак во 19 век.

Тој ги носел со себе кога ќе се врател дома, наместо плата.

Тој загинал во Првата светска војна, а шишињата биле пренесувани од генерација на генерација во неговото семејство.

Ова не е единствениот коњак што се продава за огромна сума. Во 2012 година, шишињата од ретката реколта на дестилеријата „Remy Martin“ се продадоа за околу 22.000 долари.

Поврзани содржини