ВУЛКАНОТ НА ЛА ПАЛМА НЕ СТИВНУВА Евакуирани уште три града ВИДЕО

Лава од вулканот Кумбре Вијеха на Канарскиот остров Ла Палма тече низ падината на вулканот и уништува сè што е пред него веќе шести ден. Досега се уништени речиси 200 приватни и јавни објекти и голема површина земјоделско земјиште, а илјадници луѓе се привремено евакуирани.

794

Седум летови предвидени за денеска на аеродромот на шпанскиот остров Ла Палма се откажани поради големиот облак од пепел од вулканот Кумбре Виеја, кој еруптира од неделата, објавила компанијата која управува со шпанските аеродроми.

Властите на шпанскиот остров Ла Палма наредија евакуација на градовите Тахуја, Таканде де Абахо, и делови од Таканде де Ариба, кои досега не беа евакуирани по ерупцијата на вулканот.






Властите првично ги советуваа жителите на тие градови да останат дома, но потоа им рекоа дека мора да се евакуираат поради засилената вулканска активност.

Лава од вулканот Кумбре Вијеха на Канарскиот остров Ла Палма тече низ падината на вулканот и уништува сè што е пред него веќе шести ден. Досега се уништени речиси 200 приватни и јавни објекти и голема површина земјоделско земјиште, а илјадници луѓе се привремено евакуирани.

Ла Палма беше во состојба на готовност откако беа регистрирани повеќе од 22.000 земјотреси за една недела во Кумбре Виеја, синџир вулкани што последен пат еруптираа во 1971 година и е еден од најактивните вулкански региони на Канарските Острови.

Поврзани содржини