ВУЛКАН ЕРУПТИРАШЕ ВО ЈАПОНИЈА Запрепастувачки чад и пепел се кренаа на 3,5 километри (ВИДЕО)

Вулканот бликна од висина од 1.592 метри, а пепелот и чадот веројатно попладнево ќе стигнат до помалите градови, велат од Јапонската метеоролоша агенција.

686

Запрепастувачка ерупција на вулканот Асо ги остави во хаос жителите на јапонскиот остров Кјушу утринава, пишува Јутарни. Алармот за евакуација е вклучен, а уште не се знае за евенуталните жртви. Вулканот бликна од висина од 1.592 метри, а пепелот и чадот веројатно попладнево ќе стигнат до помалите градови, велат од Јапонската метеоролоша агенција.






Јапонија има повеќе од 100 вулкани и се наоѓа во делот на Тихиот Океан кој е познат како Пацифички огнен прстен поради честите земјотреси. Најлошата вулканска катастрофа во последните 90 години, што се случи во 2014 година, уби 63 луѓе за време на ерупцијата на планината Онтаке.

Поврзани содржини