Вухан забрани продажба и конзумација на диви животни
Сепак, се наведува дека, и покрај забраната, продажбата на диви животни на пазарите не е целосно запрена.
Во кинескиот град Вухан, каде избувна епидемија на вирусот корона на крајот на минатата година, официјално е забранета трговија со диви животни, што вклучува забрана за лов и јадење на тие видови на животни.
Според кинескиот весник „Глобал тајмс“, забраната се однесува на конзумацијата на диви и водни диви животни кои се наоѓаат на списокот на заштитени животни, но и оние што биле одгледувани во заробеништво, пренесува „Би-Би-Си“.
Во јануари Кина привремено ја забрани трговијата со диви животни, а еден месец подоцна, таа беше продолжена и проширена со конзумацијата на диви животни.
Сепак, се наведува дека, и покрај забраната, продажбата на диви животни на пазарите не е целосно запрена.
Патем, се верува дека луѓето се заразиле со коронавирусот од диви животни.