ВУЧИЌ ЗНАЕ ШТО ПОДГОТВУВА ПРИШТИНА ЗА 15 ДЕКЕМВРИ Српскиот претседател најави жестока правна битка

Српскиот претседател очекува најголем притисок врз Србија да има од 17 декември кога во Белград треба да дојдат претставници на Германија, Франција, Америка и Брисел.

1,660

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека Приштина на 15 декември ќе поднесе барање за членство во Европската унија, што, како што нагласи, е „директно уривање“ на Вашингтонскиот договор.

Вучиќ на прес-конференцијата рече дека денеска испратил писмо до претседателите и премиерите на петте земји од Европската унија кои не го признаа независното Косово – на Кипар, Грција, Романија, Словачка и на Шпанија, бидејќи само суверени независни држави можат да аплицираат за членство во ЕУ.






Тој  рече и дека Србија допрва треба да се соочи со правна битка против барањата на Приштина и најави дека најголем притисок врз Србија очекува од 17 декември кога во Белград треба да бидат претставници на Германија, Франција, Америка и Брисел.

Српскиот претседател, говореше и за случувањата во севено Косово и соопшти дека денеска е договорен текст со кој ќе се испрати барање до командантот на КФОР да обезбеди распоредување на припадници на српската војска и полиција. Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН потврди дека договорениот број српски воен и полициски персонал ќе може да се врати.

Тој рече дека досега немало разговори со КФОР за враќање на српскиот персонал.

– Немам илузии, а знам дека ќе го одбијат тоа барање.КФОР е должен да го одобри тоа барање.Тоа не е можност, туку обврска за КФОР. Ќе најдат безброј причини, иако немаат право на тоа, да кажат дека ја „контролираат ситуацијата“ и дека „нема потреба од тоа – рече Вучиќ

 

Поврзани содржини