ВУЧИЌ ЗА БЕЗБЕДНОСТА НА СРБИЈА Тема беа регионалната стабилност, енергетската независност и венецуелската криза
Српскиот претседател зборуваше за светската геополитичка нестабилност, вооружувањето на Приштина и планираните инвестиции во воената индустрија и енергетската самостојност на Србија.
Седницата на Советот за национална безбедност на Србија, со која претседаваше претседателот на државата, Александар Вучиќ, заврши претпладнево и на неа беа премиерот на Србија, Ѓуро Мацут, како и министрите Ивица Дачиќ, Братислав Гашиќ, Ненад Вујиќ. На седницата присуствуваа началникот на ГШ на вооружените сили на Србија, Милан Мојсиловиќ, како и директорот на БИА, Владимир Орлиќ.
– На седницата на Советот за национална безбедност разговаравме за три теми: регионална, воена и политичка безбедност со осврт на ситуацијата во Европа и светот, енергетска безбедност и американска акција на територијата на Венецуел. Стариот поредок во светот се урива, никакви правила повеќе не важат. Меѓународните правила не важат, мора да си го признаеме тоа и да разбереме дека Повелбата на ОН воопшто не функционира, по акцијата на САД во Венецуела – изјави претседателот на Србија.
– Стариот поредок во светот се урива, никакви правила повеќе не важат. Меѓународните правила не важат, мора да си го признаеме тоа и да разбереме дека Повелбата на ОН воопшто не функционира, по акцијата на САД во Венецуела – истакна Вучиќ.
Според Вучиќ, во светот е доминира правото на сила, правото на посилниот, кој е посилен угнетува, а тоа е единствениот принцип што постои во светот.
Како што истакна, доволно беше да се види како претставниците на ЕУ реагираа на она што се случи во Венецуела.
Вучиќ нагласи дека претставниците на ЕУ имаат свои ситни интереси, се плашат што ќе се случи со Гренланд.
Претседателот на Србија потоа истакна дека се загрижени за вооружувањето на Приштина спротивно на Повелбата на ОН. Тој изјави дека Приштина брзо се вооружува, односно дека тоа го прави особено Турција.
Вучиќ рече дека Приштина, Тирана и Загреб работат на сложен воен систем и изрази загриженост за тоа.
– Се подготвуваме за одбрана од оние кои отворено ја загрозуваат нашата земја…На седницата на СБ за национална безбедност разговаравме како да продолжиме да се вооружуваме. Ќе имаме нови инвестиции во воената индустрија, дополнување на резервите на храна, вода и муниција. Имаме доволно гориво за армијата. Во следната година и пол ќе го удвоиме нашиот воен капацитет, а ќе го зголемиме човечкиот капацитет за една третина. Го одржуваме мирот со тоа што не напаѓаме никого, но имаме голема сила за одвраќање. Во овој момент нема опасност од агресор. Нашата сила е поголема од опасноста од потенцијален агресор – рече српскиот претседател.
Вучиќ изјави дека се очекува рафинеријата за преработка на нафта во Панчево да почне со производство на нафтени деривати од 25 или 26 јануари.
По седницата на Советот за национална безбедност, тој рече дека САД сакаат да доминираат во енергетската сфера во светот и дека насекаде во светот, вклучително и во Србија, ќе сторат се што можат за да ги истераат конкурентските земји – пред се Кина и Русија.
Според него, во моментов САД контролираат 51 процент од вкупните резерви на нафта.