ВУЧИЌ СВРТЕ ПАРТИЈА ШАХ ДОДЕКА ЧЕКАШЕ ВО БРИСЕЛ Европските лидери одржуваат одвоени средби со него и со Курти
„Додека го чекаме заклучокот на билатералната пресметка меѓу Приштина и Брисел“ – напиша Вучиќ на својот Инстаграм профил.
Претседателот на Србија Александар Вучиќ престојува во Брисел каде од утрово учествува на дискусии за регистарските таблички и надминување на проблемите предизвикани од барањето на Косово за нивна пререгистрација.
Тој имаше средби со посредници од ЕУ, но и со косовскиот премиер Албин Курти, одделно, а потоа и заедно. Во меѓувреме објави и фотографија од Брисел.
„Додека го чекаме заклучокот на билатералната пресметка меѓу Приштина и Брисел“ – напиша тој на својот Инстаграм профил, со фотографија на која се гледа како игра шах на пауза.