ВУЧИЌ СЛАВЕШЕ СВЕТИ НИКОЛА СО ДАЧИЌ И СО ДЕНДИАС „Да живее српско-грчкото пријателство“(ФОТО)

Во куќата на моите родители, денес, на Св. Никола, бев домаќин на министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас и Ивица Дачиќ. Ви благодариме што ја почестивте куќата на Вучиќ! Да живее српско-грчкото пријателство, напиша Вучиќ.

418

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на својот Инстаграм профил објави фотографија од прославата на Свети Никола, а еден од гостите беше Ивица Дачиќ, јави Нова.

Вучиќ на профилот „buducnostsrbijeav“ објави фотографија со политичарите кои ги угости.

 






„Во куќата на моите родители, денес, на Св. Никола, бев домаќин на министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас и Ивица Дачиќ. Ви благодариме што ја почестивте куќата на Вучиќ! Да живее српско-грчкото пријателство“, напиша тој.

Претходно српскиот претседател им честиташе на сите верници што го слават денешниот ден.

„Здравје и среќа на сите кои го слават Св. Никола, а особено на нашиот напатен народ на Косово и Метохија“, напиша утрово Вучиќ.

Поврзани содржини