ВУЧИЌ СЕ ИЗВИНИ ЗА РЕЗОЛУЦИЈАТА, МОСКВА ПРИФАТИ Србија гласаше за европскиот текст во Обединетите Нации

Се разбира, слушнавме, се разбира, прифативме. Секако дека се случуваат технички грешки и, се разбира, таквата брза реакција на шефот на државата многу нè импресионира, изјави портпаролот на Кремљ.

608

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека српската делегација на Генералното собрание на Обединетите Нации по грешка гласала за европската резолуција за Украина кога требало да биде воздржана, и им се извини на граѓаните.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков го прифати извинувањето кон Москва велејќи дека се случуваат технички грешки.






– Се разбира, слушнавме, се разбира, прифативме. Секако дека се случуваат технички грешки и, се разбира, таквата брза реакција на шефот на државата многу нè импресионира – изјави Песков за новинарите.

На третата годишнина од руската инвазија на Украина, во понеделникот, САД не успеаја да добијат одобрување од Генералното собрание на ОН за својата резолуција со која се повикува на крај на војната без споменување на руската агресија.

Наместо тоа, Собранието ја усвои украинската резолуција поддржана од ЕУ, со која се бара Русија веднаш да се повлече од Украина.

 

Поврзани содржини