Вучиќ ѝ се јави на бабата која го сака повеќе од внуката ВИДЕО
Како што објавија српските медиуми, Вучиќ со бабата стапил во контакт преку волонтерите кои ѝ носеле пакет помош.
Српскиот претседател Александар Вучиќ ѝ се јавил на бабата за лично да ѝ се заблагодари, откако таа вчера стана вистински хит на социјалните мрежи кога рече дека претседателот го сака како свој син, па дури и повеќе од сопствената внука.
Имено, станува збор за 76-годишната Милица која во видеото што го направила нејзината внука таа изразува длабока загриженост за здравјето на Вучиќ.
„Фала за вашето огромно срце“, напиша претседателот на Инстаграм и објави снимка од својот разговор со Милица, која нему и на неговиот син Данило, им посака побрзо оздравување.
Како што објавија српските медиуми, Вучиќ со бабата стапил во контакт преку волонтерите кои ѝ носеле пакет помош.
Во продолжение можете да ги погледнете двете видеа.
Еве колку баба Милица го сака Вучиќ:
Srce moje, Vučić.
Baba objasnila 😄😄😅 pic.twitter.com/4Uy8JT2Ujy— Jovan (@f4bles) April 14, 2020