ВУЧИЌ ОТКРИ КОЛКУ ПЛАТИ УНГАРСКИ МОЛ ЗА НИС Србија би дала повеќе, но Русите имале друг план
На прашањето зошто НИС не е продаден на Србија, Вучиќ вели дека нема да зборува за тоа бидејќи тоа би „ги загрозило интересите на Србија“.
Знаеме отприлика за која цена МОЛ го купи НИС, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ за српскиот медиум Блиц.
Според него, износот за уделот од 56% е помеѓу 900 милиони и 1 милијарда евра.
– Бевме подготвени да платиме повеќе – рече Вучиќ.
На прашањето зошто НИС не е продаден на Србија, Вучиќ вели дека нема да зборува за тоа бидејќи тоа би „ги загрозило интересите на Србија“.
-Прашањето за НИС ќе нè ослободи од товарот во мал дел. Двете земји ни кажаа дека Европската комисија се движи кон отворање на кластер 3 – рече Вучиќ.