Вучиќ: Нема српско оружје во конфликтот меѓу Ерменија и Азербејџан

Таму нема српско оружје, ние и на едните и на другите само им продававме муниција, бидејќи тоа беше дозволено и затоа што имавме сертификат за краен корисник. Но топови, тенкови, беспилотни летала и авиони – ништо од тоа не е наше - изјави Вучиќ.

560

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска негираше дека во конфликтот меѓу Ерменија и Азербејџан се користи оружје од српските воени фабрики, но призна дека и двете страни користеле српска муниција, јави дописникот на МИА од Белград.

– Слушнав разни гадости во последните 48 часа како Србија е речиси виновна за овој конфликт. Таму нема српско оружје, ние и на едните и на другите само им продававме муниција, бидејќи тоа беше дозволено и затоа што имавме сертификат за краен корисник. Но, топови, тенкови, беспилотни летала и авиони – ништо од тоа не е наше – изјави Вучиќ.






Тој кажа дека оружјето доаѓа од Русија, Америка, Турција и Франција, па затоа никому не му паѓало на памет да ги обвини тие земји за конфликтот меѓу Ерменија и Азербејџан.

Но, веднаш по оваа негова изјава, порталот Нова.рс кој во Србија прв почна да пишува за оваа тема, објави дека „фактите го демантираат Вучиќ-српското оружје пука по Кавказ.“

„Претседателот Вучиќ или е слабо информиран или кажува лаги за улогата на српското оружје во конфликтот меѓу Ерменија и Азербејџан во Нагорно Карабах. Не може поинаку да се објасни оваа негова изјава во која тој вели дека нема српско оружје во тој конфликт“, пишува порталот.

Инаку, порталот Нова.рс синоќа објави вест заснована на фотографии и информации пренесени од азербејџанскиот безбедносен портал „Азери дифенсе“, според кој ракетите на ерменската армија пронајдени на теренот носеле ознака на српската компанија „ЕдеПро“, како и сторијата за тоа како Србија преку трговецот со оружје Слободан Тешиќ ја снабдувала оваа кавкаска држава со модификувани ракети и минофлачки гранати.

Поврзани содржини