ВУЧИЌ И ПУТИН ЗБОРУВАЛЕ ЗА НАВОДНАТA МУНИЦИЈА ЗА УКРАИНА Мешана група ќе истражи каде завршува оружјето од Србија

Да речеме, тие правилно велат дека постои договор со Чешка, но не е дадена дозвола и ниту една од ракетите не е испорачана, вели српскиот претседател најавувајќи дека работна група од двете земји ќе го испита случајот.

2,353

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва изјави дека Белград и Москва формирале работна група во врска со тврдењата дека муниција сè уште се испраќа од Србија во Украина.

Вучиќ за РТС изјави дека имал посебна дискусија за тоа со претседателот на Русија, Владимир Путин, „во присуство на неколку лица од двете делегации, и насамо“.






– Формиравме работна група, заедно со руските партнери, за да ги утврдиме фактите. Некои од работите што се наведени не се вистинити – рече тој.

Како што изјави, „да речеме, тие правилно велат дека постои договор со Чешка“, но, „не е дадена дозвола и ниту една од ракетите не е испорачана“.

Тој, исто така, истакна дека домашните фабрики мора да живеат и да работат и околу 24.000 луѓе работат директно во наменската индустрија на Србија, и дека оружјето сега е насочено кон српската армија.

Вучиќ рече дека оние што го обвиниле дека е руски шпион, без да прецизира на кого мисли, сега велат дека ја сменил страната.

Службата за надворешно разузнавање на Русија (СВР) објави дека Србија продолжува да ја снабдува Украина со муниција, наведувајќи дека целта е „да се убијат и осакатат руски војници и цивили“.

Во остра изјава насловена како „Србија се обидува да пука во Русија во грб“, руската служба наведува дека лажните сертификати на крајните корисници на муниција и земјите-посредници се „покритие за антируски активности“.

Руската служба пишува дека „се добива впечаток дека српските производители на оружје и нивните покровители, поради нивната желба да профитираат од крвта на братските словенски народи, целосно заборавиле кои се нивните вистински пријатели, а кои се нивните непријатели“.

Поврзани содржини