ВУЧИЌ И КУРТИ ПОСТИГНАА „ЕВРОПСКИ ДОГОВОР“ Косовските Срби слободно ќе патуваат во Косово и во Србија со своите лични карти

Борел на Твитер наведе дека е „постигнат договор“ во преговорите меѓу Белград и Приштина со посредство на ЕУ.

10,166

Србија се согласи да го укине издавањето влезно-излезни документи за лицата кои имаат косовски лични документи, а Косово се согласи да не ги воведува за оние кои имаат српски лични карти, изјави денеска шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел.

Борел на Твитер наведе дека е „постигнат договор“ во преговорите меѓу Белград и Приштина со посредство на ЕУ.






– Косовските Срби, како и сите други граѓани, ќе можат слободно да патуваат меѓу Косово и Србија, користејќи ги нивните лични карти. ЕУ штотуку доби гаранции од (косовскиот) премиер Албин Курти за ова – рече Борел.

Тој додаде дека тоа е „европско решение“ и им честиташе на Курти и на претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

– Им честитаме на двајцата лидери за оваа одлука и за нивното водство – додаде Борел.

Поврзани содржини