ВУЧИЌ Е ПРИМЕН НА ВМА Откако му се слошило во САД итно се врати во Белград

1,240

Српскиот претседател Александар Вучиќ пристигна во Белград, а веднаш од аеродромот беше префрлен во Военомедицинската академија (ВМА) во Белград, неофицијално дознава белградски Телеграф.

Претседателот беше пречекан на ВМА од министерот за здравство Златибор Лончар.






На претседателот на Србија ненадејно му се слошило за време на посетата на САД, по што побара медицинска помош и по прегледот одлучи да се врати во Србија, објави Танјуг.

Поради ова, претседателот на Србија не се појави на главните настани за кои дојде во САД.

Според информациите на Танјуг, на Вучиќ му се слошило во раните попладневни часови по локално време. Во тој момент, во просторијата со претседателот Вучиќ, подготвувајќи се за состаноците, биле министерот за финансии Синиша Мали и советничката за медиуми Сузана Васиљевиќ.

Канцеларијата на претседателот Вучиќ ќе ја информира јавноста за што точно станува збор во наредните денови.

Поврзани содржини