ВУЧИЌ ЌЕ ЈА ПОМИЛУВА ДЕВОЈКАТА КОЈА ВЛЕТА СО АВТОМОБИЛ НА ПРОТЕСТИ Вели дека српските судови тендециозно вршат неправди

За мене е ужасно што како претседател кој до пред неколку недели не издаде ниту едно помилување за девет години, сега морам да ја исправам неправдата што ја нанесоа обвинителите и судовите, изјави српскиот претседател според кого 25-годишната девојка со ништо не го заслужила обвинението за убиство во обид.

2,360

Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека ќе ја помилува 25-годишната девојка која во јануари со својот автомобил удри студентка што протестираше во Белград, јавува српска Нова.

Вучиќ вели дека ќе ја аболира 25-годишната девојка која е осомничена за убиство во обид доколку за тоа се согласи нејзиното семејство.






– Taa девојка со ништо не го заслужи тоа обвинение. За мене е ужасно што како претседател кој до пред неколку недели не издаде ниту едно помилување за девет години, сега морам да ја исправам неправдата што ја нанесоа обвинителите и судовите. Ќе продолжам да го правам тоа бидејќи неправдата е толку очигледна што ќе морам да ги заштитам слабите, прогонуваните и жртвите на нивните секојдневни напади – рече српскиот лидер во телефонско интервју за Информер.

Тој оцени дека поединци носители на судски функции во Србија „ја вовеле неправдата како највисок принцип“.

Во јануарските протести во населбата Нови Београд автомобил влета во толпата и ја носеше студентката на хауба неколку метри пред таа да падне на земјата.

 

Поврзани содржини