ВУЧИЌ ДОБИВАЛ ЗАКАНИ ОД СОМБОРЕЦ Српската полиција го уапси заканувачот и сега е во притвор
Поради закана за загрозување на безбедноста на претседателот на Републиката, уапсен е Д.М. од Сомбор, кому му е одредена мерка притвор во полиција од 48 часа, соопшти МВР на Србија.
Српската полиција уапсила лице за кое тврди дека упатувало закани кон претседателот Александар Вучиќ.
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека е уапсен Д.М. од Сомбор поради закани за загрозување на безбедноста на претседателот на Србија.
„Поради закана за загрозување на безбедноста на претседателот на Републиката, уапсен е Д.М. од Сомбор, кому му е одредена мерка притвор во полиција од 48 часа“, се вели во соопштението на МВР на Србија.
Вучиќ на социјалната мрежа Х изјави дека е шокиран од атентатот врз словачкиот премиер и дека се моли за здравје на големиот пријател на Србија, Роберт Фицо.