Вучиќ до Заев: Со овие неколку илјади вакцини, ќе спасите неколку десетици животи
Премиерот Заев донацијата ја смета за чин на пријателство и поддршка.
Овој настан е резултат на пријателството и меѓусебната поддршка меѓу народите и државите, како и на разбирањето на ситуацијата во која се најде целиот свет, рече премиерот Зоран Заев на граничниот премин Табановце, за време на примопредавањето на вакцините од Србија.На церемонијата присуствуваше и претеседателот Александар Вучиќ.
-Како израз на драгоцен чин на пријателство, Република Србија и српскиот народ денеска солидарно споделуваат дел од своите вакцини со народот на Северна Македонија. Пакетот од 4680 вакцини, од вкупно 8.000 е израз на пријателска и соседска подадена рака за поддршка и прва помош за македонските граѓани додека стигнат вакцините што ги нарачавме – рече Заев.
Заев рече дека веројатно првпат се случува да се добие една ваква согласност од „Фајзер“.
Српскиот претседател Вучиќ рече дека поради клаузулите во договорот со „Фајзер“ Србија не можеше да ги испорача вакцините досега.
– Сакам цела Македонија да знае дека имаше правни пречки за доставување на вакцините пред неколку дена. Всушност направивме билатерален договор со „Фајзер“ согласно кој немавме право на никаков начин да ги оттуѓуваме вакцините. Но, поради пречки, и да не се соочите со санкции, тоа се случи денеска.Од овие неколку илјади вакцини, секако дека ќе спасите, да не кажем неколку десетици, но секако неколку животи, а секој живот е за на – изјави српскиот претседател Вучиќ.
Тој рече дека е малку политички поискусен од премиерот Зоран Заев.
– Затоа секогаш прво верувам во својот коњ, а потоа во другите. Затоа уште во март и април почнав да барам начини за да набавам вакцини – рече Вучиќ.
Вучиќ информира дека во Србија се вакцинирани над 600 илјади граѓани.
– Верувам дека и Македонија ќе започне со имунизација. Секој спасен живот е важен – рече Вучиќ.