Вучиќ: Ако треба ќе коленичам пред патријархот Иринеј, владиците нема да ги апсиме!

Ќе разговарам со патријархот Иринеј, ќе го молам, ќе коленичам пред него, со цел да му објаснам што сака државата да направи, рече српскиот претседател Вучиќ.

2,642

Српскиот претседател Александар Вучиќ ја искоментира молбата од Српската православна црква (СПЦ) на верниците да им се дозволи присуство во црквите за време на големиот православен празник Велигден в недела.

– Со патријархот Иринеј разговарав во саботата и можам да кажам дека имавме долг разговор. Но, што и да кажам во моментов, знам дека јавноста ќе ме распне. Ќе се обидам и утре да разговарам со патријархот, но знајте дека ќе ги поддржам лекарите. Не ни паѓа на ум да ги апсиме владиците и свештениците. Ќе разговарам со патријархот Иринеј, ќе го молам, ќе коленичам пред него, со цел да му објаснам што сака државата да направи. Сакаме да победи животот. Но, ако нашите молби не родат плод, тогаш дополнително ќе ја известам јавноста за нашата следна одлука – рече Вучиќ.

Поврзани содржини