ВТОРА ПОБЕДА НА ГЕРМАНЕЦОТ Зверев го освои завршниот АТП турнир во Торино
Германскиот тенисер во двата сета направи по еден брејк и победи со 6-4 и 6-4 против Данил Медведев.
Александер Зверев е победник на големиот турнир во Торино откако во финалето со 2-0 во сетови беше подобар од Данил Медведев.
Германскиот тенисер во двата сета направи по еден брејк и победи со 6-4 и 6-4 против Данил Медведев.
Ова е вторпат како Зверев го освојува завршниот АТП турнир, претходно тоа му успеа во 2018 година во Лондон.
– Играв против човек од кој загубив петпати во низа. Беше навистина одлично. Среќен сум поради овој успех, ова е нешто посебно, многу сум задоволен. Едвај ја чекам следната сезона – изјави Зверев по мечот.