ВТОРА МАКЕДОНСКА СТАНА АДЕМ ДЕМАЧИ Косовскиот премиер беше присутен на прекрстувањето во Чаир
Улицата Втора македонска бригада го добила името по славната бригада која биела битки со бугарскиот фашистички окупатор и која го изодела Февруарскиот поход, а броела 480 борци. Демачи е многу почитувана личност во Косово поради неговите заложби за независно Косово и, според судските пресуди во поранешна Југославија против него, за голема Албанија.
Премиерот на Косово, Албин Курти, кој е во неофицијална посета на земјава, денеска присуствуваше на преименувањето на улицата Втора македонска бригада во Адем Демачи во општина Чаир.
Во обраќањето, Курти рече дека пред пред две недели е одбележана петгодишнината од смртта на Демачи и оцени дека е од особено значење тоа што Демачи ќе има своја улица во Северна Македонија.
На настанот присуствуваа и градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, како и претседателите на движењето Беса, Билал Касами, на Алтернатива, Африм Гаши и Изет Меџити кој најави формирање на ново политичко движење во албанскиот блок.
Попладнево, Курти е во посета на Тетово. Според агендата, тој денеска ќе се сретне со албанските опозициски партии, но не се најавени средби со државниот врв или владините партии од албанскиот блок.
Улицата Втора македонска бригада го добила името по славната бригада која биела битки со бугарскиот фашистички окупатор и која го изодела Февруарскиот поход, а броела 480 борци.
Адем Демачи е многу почитувана личност во Косово поради неговите заложби за независно Косово и, според судските пресуди во поранешна Југославија против него, за голема Албанија.