Врвен тенис нема да гледаме барем до 7 јуни

Имено, како што јавува „ВВС“, тенисерите нема да се вратат на теренот пред 7 јуни! Потсетуваме дека претходните датуми беа 20 април за АТП и 2 мај за ВТА.

2,726

Тениската сезона во 2020 година е сосема поинаква од која било друга, а на тенисерите штотуку им беше продолжен „одморот“.

Имено, како што јавува „ВВС“, тенисерите нема да се вратат на теренот пред 7 јуни! Потсетуваме дека претходните датуми беа 20 април за АТП и 2 мај за ВТА.






Според распоредот, тоа значи дека нема да ги гледаме некои од најпознатите мастерси, како турнирите во Мадрид, Рим, Минхен, Есторил, Женева и Лион, додека дамите ќе ги пропуштат турнирите во Стразбур и Рабат.

Но, тука е и Ролан Гарос кој требаше да се оддржи од 24 мај до 7 јуни, но сега е презакажан и ќе се одигра помеѓу 20 септември и 4 октомври.

Целиот ранг на АТП ќе биде замрзнат до понатамошното известување.

– Не е момент да реагираме без согласност, туку хармонично. Ги разгледуваме сите опции во врска со одржувањето и максимизирањето на тенискиот календар врз основа на разни датуми на враќање на „Турот“, што останува непознато засега. Ние сме посветени на решавање на овие проблеми со играчите и членовите на турнирите и другите тениски тела во наредните недели и месеци. Сите одлуки во врска со влијанието на коронавирусот бараат консултација и преглед на оние кои имаат удел во играта, преглед споделен од АТП, ВТА, ИТФ, АЕЛТЦ, Тенис Австралија и УСТА – се вели во соопштението.

Поврзани содржини
na