„ВРНЕ ЛИ ВРНЕ“ – НОВА ЗБИРКА НА РИСТО ЛАЗАРОВ Авторот одбележува 50 години творештво
Најновата книга на Лазаров содржи вкупо 75 песни поместени во десет циклуси.
Книгоиздателството „Матица“ ја објави стихозбирката „Врне ли, врне“ од поетот Ристо Лазаров, негова 39-та поетска книга со која се одбележуваат 75 години живот на авторот и 50 години творештво.
„Најновата книга на Лазаров содржи вкупо 75 песни поместени во десет циклуси. Авторка на поговорот е Лидија Капушевска Дракулевска која посебно ја истакнува асоцијативноста на книгата ‘Врне ли врне’… Стилската разиграност на поетскиот дискурс на Лазаров, пишува Капушевска-Дракулевска, во интеракција со шареноликиот тематски потход, одат во прилог на космополитизмот на книгата. Поетскиот немир не е никогаш само и единствено личен, колку и да тргнува од индивидуалното искуство, а поетскиот глас е глас на целото“, наведува „Матица“ во соопштението.
Асоцијативноста на лириката на Лазаров, заклучува Капушевска-Дракулевска, нуди бескрајни можности и начини на „римувања“.