ВРИЕ ОД ПОЛИЦИЈА ПРЕД КАФУЛИЊАТА И ПРЕД РЕСТОРАНИТЕ Експлозија во центарот на Келн

Портпаролката на полицијата рече дека широката област на Хоенцолернринг, населба полна со кафулиња, барови и ресторани, е опколена и дека голем број полицајци се на терен.

502

Експлозија денеска оштети зграда во центарот на западниот германски град Келн, јави ДПА.

Портпаролката на полицијата рече дека широката област на Хоенцолернринг, населба полна со кафулиња, барови и ресторани, е опколена и дека голем број полицајци се на терен.






Таа првично не даде никакви информации за евентуални повреди или причина за експлозијата.

Радио Келн рано утринава јави дека едно лице е полесно повредено.

Полицијата побара од јавноста да ја избегнува областа околу местото на експлозијата.

Поврзани содржини