Врховен ја укина пресудата за убиство на матурантот од Ѓорче
Првостепената пресуда скопскиот кривичен суд ја донесе во јули 2015 кога Ештрефи го осуди на 14 години затвор.
Врховниот суд ја укинал пресудата за убиството на матурантот Ангел Петковски во Ѓорче Петров, потврдил за телевизија Канал 5 Ангел Ѓорѓиев, адвокат на обвинетиот Насер Ештрефи.
Според информациите, предметот е вратен на повторно одлучување, а кое е образложението на Врховен засега не е познато.
Првостепената пресуда скопскиот кривичен суд ја донесе во јули 2015 кога Ештрефи го осуди на 14 години затвор. За време на судскиот процес обвинителството тврдеше дека се работи за убиство со умисла, додека обвинетиот Ештрефи тврдеше дека бил физички нападнат и дека убиството го извршил во самоодбрана. Една година подоцна Апелација ја потврди пресудата.
Убиството се случи на 19 мај 2014 година во населбата Ѓорче Петров.