„ВРЕМЕТО НА ДУИ ЗАВРШИ“ Жестока порака од ВМРО-ДПМНЕ до Бујар Османи

Според ВМРО-ДПМНЕ, денешната структура на ДУИ предводена од Османи, функционира на начин сличен на озогласените српски кланови: „со навреди, закани и обиди за дестабилизација, но без сила да го запре враќањето на правдата“.

1,573

ВМРО-ДПМНЕ со остра реакција до поранешниот министер за надворешни работи Бујар Османи, обвинувајќи го дека се обидува повторно да се наметне на политичката сцена преку, како што велат, „лажен патриотизам и поделби меѓу граѓаните“.

„Дали Бујар Османи го презеде лидерското место во ДУИ, а Али Ахмети се повлече? Дали станува збор за внатрепартиски договор, некаква транзиција или лична амбиција? Или можеби Османи е само нов портпарол?“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ, обвинувајќи ја партијата ДУИ за 20-годишно владеење со, како што велат, корупција и злоупотреба на институциите.






Според нив, денешната структура на ДУИ предводена од Османи, функционира на начин сличен на озогласените српски кланови: „со навреди, закани и обиди за дестабилизација, но без сила да го запре враќањето на правдата“.

„Османи молчеше за криминалот во ДУИ, за уцените од Бугарија, за деградацијата на државата на меѓународен план. Наместо да даде одговори, денес се обидува повторно да ги дели граѓаните според етничка линија“, наведуваат од партијата.

ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека Владата нема потреба од ничија дозвола за водење на надворешната политика и оти таа е обврска добиена директно од граѓаните.

„Македонија е демократска држава, а не приватна територија на ДУИ која треба да се раскрчми како во минатото“, велат од таму.

Во соопштението се обвинува Османи дека ги дели Албанците на „вистински“ и „предавници“ според тоа дали ја поддржуваат ДУИ и му се поставуваат прашања за потпишувањето на Францускиот предлог и молчењето за наводниот криминал во партијата.

„Тие што мислеа дека се вечни, нека се помират со реалноста: времето на ДУИ конечно заврши“, завршува соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини