📽️ ВРЕМЕ Е ЗА ОСТАВКИ НА ФИЛИПЧЕ И НА РАКОВОДСТВОТО Падна нова оставка во СДСМ, по Чупевска заминува Ацевски

Верувам дека е исправно и потребно оставка да поднесат и претседателот Филипче и целото раководство на СДСМ. Не само заради лошите резултати туку и заради начинот на дејствување на СДСМ во изминатиот период, порача кандидатот на партијата за градоначалник на Ѓорче Петров и претседател на општинската организација.

6,545

Нова оставка во СДСМ по заминувањето на потпретседателката Ана Чупевска. Кандидатот за градоначалник на Ѓорче Петров и претседател на општинската организација Костадин Ацевски се повлече од функцијата и истовремено побара оставки од лидерот на партијата од целото раководство.

– Иако се вложив целосно, без калкулации, сепак резултатот е лош. Поднесувам неотповиклива оставка од претседател на општинската организација. Верувам дека е исправно и потребно оставка да поднесат и претседателот Филипче и целото раководство на СДСМ. Не само заради лошите резултати туку и заради начинот на дејствување на СДСМ во изминатиот период – порача Ацевски.






 

Поврзани содржини