ВРЕМЕ Е ЕВРОПСКАТА УНИЈА ДА РАЗГОВАРА СО РУСИЈА Мелони порача дека не може да се разговара само со Украина и да се постигне мир

Италијанската премиерка Џорџа Мелони рече се согласува со францускиот претседател Емануел Макрон за потребата ЕУ повторно да се вклучи во директни преговори со Руската Федерација, доколку посредничките напори на САД за постигнување мир во Украина не доведат до мировен договор.

1,107

Потребно е Европската Унија да разговара со Русија, рече денеска италијанската премиерка Џорџа Мелони на годишната прес-конференција.

Таа додаде дека се согласува со францускиот претседател Емануел Макрон за потребата ЕУ повторно да се вклучи во директни преговори со Руската Федерација, доколку посредничките напори на САД за постигнување мир во Украина не доведат до мировен договор.






– Вицепремиерот Матео Салвини се осврна на односите на Русија со Италија, а Макрон се осврна на Европа. Во овој случај, мислам дека Макрон е во право – рече Мелони.

Таа смета дека е дојдено време ЕУ да разговара со Русија.

– Ако Европа одлучи да разговара само со една од двете страни на терен, се плашам дека придонесот што може да го даде ќе биде ограничен. Проблемот е кој треба да го стори тоа. Ако направиме грешка повторно да ги отвориме преговорите со Русија и да продолжиме на некоординиран начин, ќе му направиме услуга на Путин. Последното нешто што сакам да го направам во животот е да му направам услуга на Путин. Јас го поддржувам назначувањето на специјален претставник на ЕУ за Украина – рече Мелони.

Поврзани содржини