ВРЕДИ СЕ СПРЕМА ЗА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ Таравари демантираше дека ќе ја напушти министерската функција
Нормално, внатре во коалицијата сме во процедура на договарање и во Владата мислам дека стабилна е состојбата така што продолжувам да бидам министер за здравство и се надевам дека ќе изнајдеме најдобро можно решение сите страни да бидат задоволни, изјави Арбен Тарави во централниот дневник на ТВ Сител.
Министерот за здравство Арбен Таравари вечерва рече дека засега останува да биде министер за здравство, иако дел од медиумите објавија информации дека ќе ја напушти коалицијата Вреди.
– Засега, да. Во Вреди се подготвуваме за локалните избори. Нормално, внатре во коалицијата сме во процедура на договарање и во Владата мислам дека стабилна е состојбата така што продолжувам да бидам министер за здравство и се надевам дека ќе изнајдеме најдобро можно решение сите страни да бидат задоволни – изјави Таравари во вечерашното гостување во централниот дневник на телевизија Сител.