ВРЕДИ Е ЕДИНСТВЕНА АЛБАНСКА ОПЦИЈА НА 8 МАЈ Таравари ги најави промените кои доаѓаат

Таравари потенцира дека промената е неопходна, додека заедно со промената мора да се смени и Уставот за да почнат преговорите со ЕУ.

202

Првиот човек на Алијансата за Албанците Арбен Таравари во презентацијата на изборната програма на ВРЕДИ рече дека оваа програма вреди и за луѓето и за програмата.

Таравари истакна дека сегашниот Устав има недостатоци и не ја претставува реалноста во државата.






– Убедени сме дека сегашниот Устав има недостатоци, ограничен е и во многу делови не ја претставува денешната политичка, социјална и етничка реалност во државата – рече Таравари.

Таравари потенцира дека промената е неопходна, додека заедно со промената мора да се смени и Уставот за да почнат преговорите со ЕУ.

– Ќе започнеме голема дебата и ќе изградиме консензус за нов, подемократски и модерен Устав, кој ќе ја редефинира државата како рамноправна држава на две мнозински заедници – рече Таравари.

На крајот Таравари нагласи дека на 8ми мај на изборите има само една албанска опција а тоа е коалицијата ВРЕДИ.

Поврзани содржини