🎥 ВРЕДИ ДА РАЗМИСЛИМЕ И ЗА ГРАЃАНСКИ УСТАВ Арбен Таравари предлага смела идеја во пресрет на изборите

Некои решенија во Уставот на Македонија од 1974 година беа полиберални отколку решенијата во сегашниот „крпен устав“, вели Арбен Таравари, претседателски кандидат на коалицијата „Вреди“, во новото издание на поткастот на Плусинфо.

2,993

„Нам можеби ни треба граѓански Устав и треба да размислиме за таа опција“, вели Арбен Таравари, претседателски кандидат на здружената албанска опозиција, во разговор со новинарот Бранко Героски, потврдувајќи дека под граѓански устав подразбира Македонија да биде дефинирана како држава на сите граѓани што живеат во неа.

Во поткастот на Плусинфо, Таравари зборува за понудите што ги добивал од ДУИ за да остане во владејачката коалиција, за неговиот „развод“ со Зијадин Села и за причините поради кои долго седеше на две столчиња пред да ѝ се придружи на здружената албанска опозиција.






Таравари најавува дека на 24 април ДУИ ќе го доживее првиот силен пораз, а на 8 мај ќе се случи историска промена и после 22 години на власт партијата на Али Ахмети ќе замине во опозиција.

Вреди да се слушнат и ставовите на претседателскиот кандидат на коалицијата „Вреди“ и за францускиот предлог, за преговарачката рамка и за предлогот на уставните промени за внесување на Бугарите во Уставот. Таравари е убеден дека ЕУ е единствената опција за Македонија, но неговите ставови, не само во нијанси, туку и суштински, се разликуваат од ставовите на ДУИ и на СДСМ.

Проследете го ова интервју на Јутјуб каналот на Плусинфо:

 

Поврзани содржини