ВРАБОТИЛА ШЕСТМИНА НЕПАЛЦИ, АМА Ѝ КИДНАЛЕ Скопјанка пријавила дека ѝ ги нема странските работници

Шестмината работеле во приватна фирма во Скопје, а случајот во МВР го пријавила сопственичката на компанијата во 10.30 часот.

1,260

Исчезнаа шестмина Непалци кои работеле во скопска компанија. Трагата им се губи речиси истовремено, во текот на вчерашниот ден.

Шестмината работеле во приватна фирма во Скопје, а случајот во МВР го пријавила сопственичката на компанијата во 10.30 часот.






„В.Д.(36) од Скопје пријавила дека шест лица-работници на возраст од 24 до 27-годишна возраст од Непал, кои работеле во приватна фирма, се оддалечиле од местото каде што престојувале. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата“, информираат од МВР.

Ваквата појава зачести низ целата држава, односно откако работниците ќе бидат ангажирани од македонските компании, тие по некое време бегаат и им се губи секаква трага.

Досега неколкумина сопственици на компании во Скопје, Прилеп и Охрид имаат пријавено дека работниците од Непал им побегнале и сметаат дека тие ја користат нашата земја за да можат полесно да стигнат до западноевропските држави.

ИСЧЕЗНАА СЕДУММИНА НЕПАЛЦИ КОИ РАБОТЕА ВО СКОПСКИ ФИРМИ Трагата им се изгубила истовремено

КИДНАЛЕ НЕПАЛЦИ НА ПРИВРЕМЕНА РАБОТА ВО МАКЕДОНИЈА Приватна фирма во која биле ангажирани пријавила во полиција

СЕ ИЗГУБИЈА ДВЕ НЕПАЛКИ ВРАБОТЕНИ ВО ОХРИД Газдата пријави дека не се вратиле во домот каде што биле сместени

ЧЕТИРИ НЕПАЛКИ МУ ПОБЕГНАЛЕ НА ПРИЛЕПЧАНЕЦ Во Македонија пристигнале да работат во фирма од Прилеп, полицијата трага по нив

Поврзани содржини