ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАВАДАРЕЧКИ „КОМУНАЛЕЦ“ ЌЕ ДОБИЈАТ 13. ПЛАТА Градоначалникот Јанчев задоволен од нивниот учинок
Со реализација на јавното претпријатие, кое што со сопствени ресурси ги правеле конструкциите, доградби и изградби на новите капитални објекти, со тоа прави заштеда во делот на сопствените ресурси, е таму се парите кои што може да ги дадеме за 13. плата – рече градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев.
Заедно со советниците од ВМРО-ДПМНЕ, и во консултација на претседателот на партијата Христијан Мицкоски, и на моја иницијатива предложивме вработените во јавното претпријатие „Комуналец“ оваа година, најтешка година, покрај К-15, да добијат и 13. плата – изјави градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев за време на заедничката посета со Мицкоски на неколку проекти во градот.
– Морам да потенцирам тука дека опозицијата во Општина Кавадарци, а тоа е Социјалдемократскиот сојуз, е против тоа да се даде 13. плата на нашите работници од јавното претпријатие „Комуналец“, а замислете платите се толку на ниско ниво што луѓево едвај се прехрануваат во месецот. Така што ние сме на страна на народот и на страна на работодавачите. Ние не земаме пари од граѓаните за да собереме за плата, како што велат тие, како што напаѓаат. Напротив, со реализација на јавното претпријатие, кое што со сопствени ресурси ги правеле конструкциите, доградби и изградби на новите капитални објекти, со тоа прави заштеда во делот на сопствените ресурси, е таму се парите кои што може да ги дадеме за 13. плата. И да не заборавиме дека во февруари ние, кога другите немаа абер дека ќе имаме проблем со електричната енергија, пуштивме петта мини-хидроцентрала со 150 киловати електрична енергија производство на час и инсталиравме 200 киловати фотоволтаици. Е, тука се парите, тука се заштедите, тука е тоа што можеме да го направиме за добро на граѓаните – рече Јанчев.
Тој потсети дека Кавадарци во континуитет има комуналната изградба со голема динамика.
– Денеска на наше задоволство на посета е претседателот на ВМРО-ДПМНЕ господин Христијан Мицкоски. Како отчетна и транспарентна партија и пред сè народна партија, нормално интересот на претседателот е сите негови функционери и чинители во делот на завршувањето на обврските спрема граѓанството и општеството во која фаза сме. Ќе посетиме неколку проекти, тоа се четири од вкупно 24 почнати, кои што се работат во моментов. Сега се наоѓаме на улица „Вишесница“, ова е еден од најклучниот и крупен проект преку КФГ Германска банка, со 2.5 милиони евра, од шесте проекти кои што неодамна ги отпочавме пред шест месеци. Значи се работи на комплетна атмосферска, канализациона и водоводна мрежа во строгото централно подрачје со должина од еден километар, враќање во првобитна состојба со два слоја на асфалт и уредување на тротоарите на самите улици. Значи, после 50 години, Кавадарци трајно ги решава атмосферските води и канализационите мрежи кои што ова строго централно градско подрачје имаше големи проблеми. – рече градоначалникот на Кавадарци.