ВРАБОТЕНИТЕ КАЈ НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПРОТЕСТИРААТ ЗА ПОГОЛЕМИ ПЛАТИ Нивниот синдикат бара да се одблокираат законските измени во Собранието

Нашие месечни примања во моментот многу заостановаат зад платите на останатите независни и регулаторни тела, како и на вработените во администрацијата воопшто – изјави претставник на синдикатот.

39

Вработените во институцијата Народен правобранител денеска излегуваат на мирни протести, револтирани од игнорантскиот однос на државните институции и долготрајната блокада на Предлог-законот за Народен правобранител во Собранието.

За време на паузата од 10 до 10.30 часот 80-тина вработени кај Народниот правобраните ќе го искажат својот револт пред канцелариите во центарот на градот. Тие бараат финансиска независност, но и поголеми плати.






Со усвојување на Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за народниот правобанител кој се наоѓа во Собранието, би се спровела препораката на Европската комисија против расизам и нетолеранција при Советот на Европа, која препорачува властите да дадат финансиска независност на Канцаларијата на Народниот правобранител за користење на своите буџетски средства, без да се бара одобрение од Министерството за финансии, а воедно и да се подобри финансиската состојба и мотивација за работа на вработените во Народниот правобранител – изјави Мајран Поњавиќ, претседател на Синдикатот на Народен правобранител.

Од Синдикатот го повикуваат Собранието и пратениците што поскоро да ги донесат измените и дополнувањата на законот за Народен правобранител, со кој ќе се регулира финансиската самостојност и ќе се надминат проблемите, кои беа воочени и од страна на Европската комисија.

– И секако, не помалку значајно, без одлагање да се зголемат платите на вработените во Народниот правобранител, затоа што нашие месечни примања во моментот многу заостановаат зад платите на останатите независни и регулаторни тела, како и на вработените во администрацијата воопшто – рече претседателот на синдикалната организација на Народниот правобранител.

Вработените кај омбудсманот мирно ќе протестираат до понеделник и нема да има застој во процесот на работата, но доколку не бидат исполнети нивните барања најавија радикализација на протестите.

– Ние имаме пристап до лични податоци на граѓаните, до класифицирани податоци, контактираме со сите категории граѓани, дури и со најранливите категории граѓани, вршиме увид во институции и установи од секаков тип, што секако е причина да добијат покачување на платите кое го имаат повеќе субјекти во државата, а кои немаат ниту приближно вакви надлежности – рече Прњевиќ.

Ова е прв протест на вработените од самото формирање на институцијата Народен правобранител.

 

Поврзани содржини