ВРАБОТЕНИ ГАСНЕЛЕ ПОЖАР ВО ТЕТОВСКО УЧИЛИШТЕ Завршиле во болница поради вдишан чад
Пожарот избувнал во кабина од машкиот тоалет, а вработените успеале сами да го изгаснат со противпожарни апарати и хидранти.
Шестмина вработени побарале лекарска помош откако вдишале чад при гаснење пожар во Државното средно стручно училиште „Моша Пијаде“ во Тетово.
Пожарот избувнал вчера околу 9:50 часот во една кабина од машкиот тоалет. Вработените успеале сами да го изгаснат огнот со противпожарни апарати и со хидрантипред да се прошири во другите простории.
– При гасењето, поради вдишување на чад, вработените Н.Р., И.П., М.С., А.З., Б.К. и Г.М. се пренесени во Клиничкиот центар во Тетово за укажување лекарска помош – изјави Фатмир Реџепи, портпарол на СВР Тетово.
Засега не е познато што го предизвикало пожарот.