Вработен во Град Скопје ѝ вика на граѓанка: Седумдесет и кусур години имаш, три работи треба да знаеш! Шилегов се извини ВИДЕО
Како да ви објаснам бе луѓе, име презиме адреса и матичен број, три работи во животот што треба да ги знаеш, седумдест и кусур години си, тоа напиши и доволно е, како да не се нервирам, ова е страшна работа. Вака вработен во Град Скопје денеска ѝ викал и дрско се однесувал со возрасна жена.
Откако видеото се споделуваше на социјалните мрежи, со реакција на Фејсбук се јави скопскиот градоначалник Петре Шилегов.
– Во врска со денешниот вербален инцидент помеѓу вработен во Град Скопје во барака 16 и граѓанка која барала услуга од Градот, ја известувам јавноста дека ќе биде формирана дисциплинска комисија во рамките на Градот, која ќе ја утврди одговорноста на вработениот. Во мое лично име, но и како градоначалник на Скопје, се извинувам на граѓаните и кон госпоѓата која беше вербално нападната. Не постои оправдување за таков однос кон граѓаните , напиша Шилегов.