ВРАБОТЕН БИЛ ПРОБОДЕН СО НОЖ ВО РЕБРАТА 77-годишен пациент предизвикал инцидент во болницата „8-ми Септември“

Според пријавеното напаѓачот претходно во ходникот агресивно се однесувал и кон вработена во болницата. Полициски службеници се излезени на местото на настанот - велат од МВР.

1,412

Инцитент се случил вечерва во просториите на болницата „8-ми Септември“, дознава Канал 5.

Според информациите, вработен во болницата бил прободен со нож во пределот на ребрата.






– Денеска (07.01.2024) во 19.47 часот од ГОБ “8 Септември” е пријавено е дека Д.Т.(36) од Скопје, вработен во болницата се здобил со повреда откако со нож му била нанесена расеченица од М.Н.(77) од Скопје, пациент во болницата. Според пријавеното напаѓачот претходно во ходникот агресивно се однесувал и кон вработена во болницата. Полициски службеници се излезени на местото на настанот – велат од МВР.

Поврзани содржини